Власта отвора пат за истополови бракови

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Власта отвора пат за истополови бракови

Здружение на граѓани Традиционално семејство од пратениците бара да не ги усвојат измените на постоечкиот Закон за спречување и заштита од дискриминација. Тврдат дека вака предложените измени ќе овозможат склучување на истополови бракови, со што директно се врши упад во институцијата брак како единствена заедница помегу еден маж и една жена. Имено во новиот Предлог-закон не се опфатени седум точки, мегу кои и точка 6 со која нема да се смета за дискриминација уредувањето на бракот исклучиво како заедница на спротивни полови.

Од здружението апелираат пратениците да го не го гласаат законот бидејки, само на тој начин ќе можат да го спречат разнебитувањето на македонското семејството.

Дрмова објаснува дека и судот во Стразбур има донесно одлука, дека според Европското право истополовите бркови не се сметаат за човеково право и истополовите заедници не се сметаат исто како бракот помегу маж и жена. Законот за дискриминација со кој се овозможува склучување на истополови бракови не беше изгласан ни во Бугарија и Хрватска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата