Полицајци со автоматско оружје извршиле полноќна рација во шминкерскиот ноќен клуб „Лофт“

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полицајци со автоматско оружје извршиле полноќна рација во шминкерскиот ноќен клуб „Лофт“

Неколку револтирани посетители на ноќниот клуб „Лофт“ сведочат дека минатата ноќ, околу 1 часот по полноќ, во локалот упаднале голем број полицајци со полна опрема и вооружени со автоматски пушки. На еден посетител што се обидел да ја сними акцијата, му бил одземен телефонот.

„Полицајците, во полна воена опрема ги придружуваа инспекторите на НТШ, пазарна инспекција и финансиска полиција. Два часа не ни даваа да мрднеме. Никој не смееше да излезе од локалот, влезот во ве-це беше блокиран од тројца полицајци, а не смеевме да побараме ни вода, шанкот беше затворен.“ – нѐ информира еден револтиран граѓанин, што бил гостин на локалот. „Работава е иста како со оној што е во Будимпешта“ – додава друг гостин што синоќа бил во „Лофт“.

Во моментот на рацијата, според очевидците, имало над двесте гости во локалот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата