“Ја баравме раката под автомобилот, ја најдовме во елекот“! Тие тројца и го спасија животот на Деа...

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
 “Ја баравме раката под автомобилот, ја најдовме во елекот“! Тие тројца и го спасија животот на Деа...

 Во утринска програма на една српска телевизија гости биле хероите кои први и притекнале на помош на водителката Деа Ѓурѓевиќ која беше повредена во сообраќајна несреќа...

- Гледав да помогнам колку што можам. Тоа нема врска со тоа што сум здравствен работник, тоа можеше да го стори било кој. Не треба да се прави паника во тие моменти па така и јас бев смирена и сконцентрирана. Беше свесна цело време, секоја чест за неа. Јас да се најдев на нејзино место , не ќе можев така. Се што зборуваше, таа знаеше што зборува. Не беше вон себе.

- Беше тешко да се пријде до Деа, беше катастрофа од тоа колку се беше смрзнато. Деа во еден момент сакаше да види што и е со раката, но ја држев да не гледа додека стигне брзата помош – рекла Марија Димитријевиќ која прва и укажала помош.

- Кога стигнавме на лице место не ни забележав дека се работи за Деа. Се фокусиравме на ситуацијата која се случи. Ја гледавме повредата, не видов дека воопшто е Деа – рекол лекарот на брзата помош Срџан Шаренац , кој исто така гостувал во утринската прогама.

- Раката не и беше во јакната. Не ја забележавме во првиот момент. Ја барав под автомобилот, потоа водовме дека беше во некој крзнен елек кој го имаше на себе – рекол Горан Милосавњевиќ.

- Го исековме ракавот од џемперот кој го имаше на себе, за да го запреме крвавењето. Колегата ја најде раката, а колешката потоа се погрижи за неа.

- Ја прашав како се вика, како што прашувам секој пациент за да видам дали е во свесна состојба и колку, но не ја препознав – додаг друг лекар.

- Овде сепак се работеше за откината рака која треба адекватно да се транспортира. Целта беше раката што побрзо да се транспортира на ВМА, каде што таму се беше подготвено. Кога пристигнавме целиот тим веќе беше подготвен – истакнал докторот од брза помош.

- Среќна околност беше што се беше многу блиско и се се одвиваше брзо. Најтешко беше да се сопре крвавењето . До прекин на крвавење дојде поради самиот организам кој се одбрани, стегајќи ги крвните садови, но и благодарените на студеното време кое добро влија во таква ситуација. Деа беше цело време при свест слушаше се и цело време соработуваше, неверојатно е една многу храбра жена – рекле докторите кои биле првите кои и притекнале во давање на Деа, која настрада во сообраќајна несреќа, каде беше потисната од автобус во нејзиниот автомобил.

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата