Нови промени во таборот на Еурофарм Работник. Александар Шевелев и челниците на македонскиот вицепрвак одлучиле да ја прекинат соработката, дознава СПОРТМЕДИА.

Украинскиот репрезентативен пикер имаше кратка авантура во Битола иако беше најавен како едно од најголемите засилувања. Шевелев денеска не беше во составот на дуелот против Спартак Москва, кој битолскиот тим го доби со 21-33.

Засега не се познати причините поради кои дошло до раскинување на договорот, наскоро се очекува и официјална потврда од таборот на „фармацевтите“ кои паузата ќе ја искористат за решавање и на тренерското прашање по заминувањето на Стевче Алушовски.