Крадци на Халкидики украле црковно ѕвоно од 150 килограми

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Крадци на Халкидики украле црковно ѕвоно од 150 килограми

Крадци кои оперирале на грчкиот полуостров Халкидики, украле бронзено ѕвоно, тешко 150 килограми од камбаната на црквата Стети Рафаел во Касандра.

Како што пренесуваат грчките медиуми, полицијата идентификувала петмина осомничени на возраст од 17 до 30 години и откриле дел од пленот, кој крадците го собрале во серијата кражби извршени во викендици на тоа подрачје, објави грчката полиција, пренесе „АНА“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата