Колку што дадав, толку и ми се врати! Бекута ги открила плановите за 2020: А еве што сака Мрка за своја душа

15.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Колку што дадав, толку и ми се врати! Бекута ги открила плановите за 2020: А еве што сака Мрка за своја душа

Ана Бекута ја сумирала годината која завршува и се надева дека и следната ќе и биде убава и среќна, како што и била оваа. Највеселата ноќ ќе ја помине во еден ресторан во Белград, работно, а друштво ќе и прави како и секогаш, нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ.

“Милутин ќе биде со мене, тоа се подразбира. Ќе ме слуша, гледа, но ќе го добие и првиот бакнеж на полноќ“, рекла Ана Бекута истакнувајќи дека таа на Мрка му пее секојдневно, а таа ноќ ќе се фокусира на оние кои на најзиниот настап доаѓаат поради неа и нејзината музика. “Во новогодишната ноќ ќе им пеам на сите, јас сум професионалец, Милутин тоа го знае. Пред крај на настапот, кога ќе ги задоволам сите гости, тој сигурно ќе посака нешто за себе и своја душа. Тоа ќе бидат песните ‘Треба времена’ или ‘Ти си лек за моју душу’, вели Ана Бекута.

За следната година нема мноу желби, но сепак издвоиле неколу:

“За себа, но и на сите останати, им посакувам здравје, пари... Колку што работат толку и да заработат, а колку љубов даваат толку да им се врати. Од мое искуство тоа е секогаш така. Колку љубов давав, толку ми била возвратена. И повеќе од тоа“, објаснува пеачката.

Својата кариера која е долга неколку децении ја градела студиозно, почитувајќи ги сите соработници. Скандалите ја одминувале и на тоа е доста горда.

“Зошто кариерате мора да биде базирана на скандали? Еве јас сум пример дека не мора. Со сите сили се трудев со сите да бидам во коректни односо, својата кариера да ја градам на вистински начин, без тензии, ограничувања...

“Не треба од оваа работа да се прави мистика, оваа работа е како секоја друга. Човек треба да остане приземјен, да не лета, да ги сака и почитува своите соработници бидејќи оваа работа е тимска. Колку ќе почитувате, толку и ќе ве почитуваат. Мислам дека кариерата може да се гради без скандали, песната е таа која трае и која е над се и над нас самите. Се друго се заборава, но песните остануваат“, вели пеачката.

Бекута како што вели, не и се допаднува однесувањето на помлади колеги.

“Помладите колеги грешат кога мислат дека се ѕвезди само за тоа што еднаш се појавиле во некоја емисија или снимиле една песна или ЦД. Кариера не се гради така. За мене прв пат се слушна дури после шест години макотрпна работа, после пет албуми. Денеска е тешко да се гради кариера, а уште потешко да се одржи. Јас траам. Фала му на бога, но и на вас новинарите, кои ме подржувате сите овие години“, заклучила Бекута.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата