Манчестер Јунајтед одигра 1:1 против Евертон во 17 коло на англиската Премиер лига. „Карамелите“ први поведоа со автоголот на Виктор Линделеф, момент кој ќе предизвика реакции поради судиска одлука. Во зачетокот на акцијата противничкиот играч Јери Мина со лакт го удри голманот Де Геа кој ја промаши топката, а таа удри во ногата на Линделеф и заврши во мрежата.

„Ѓаволите“ изедначија во второто полувреме. Тинејџерот Мејсон Гринвуд со шут од 16 метри го погоди голот на Евертон за 1:1. Иако има 18 години ова е седми негов гол во дресот на Јунајтед.

Во другите денешни мечеви  Тотенхем го победи Вулверхемптон со 2:1 со гол на Јан Вертонген во 91 минута, а претходно Вест Хем го победи Саутемптон во гости со 1:0.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore