ОГРОМНА промена на времето од 16°C на -12°C – ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА и силен ветер од над 70 км/час

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОГРОМНА промена на времето од 16°C на -12°C – ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА и силен ветер од над 70 км/час

о текот на утрешниот ден ќе дува засилен ветер од јужен правец кој на моменти на некои места ќе достигнува брзина од над 70 км/час, сето ова ќе биде најава за нагла и голема промена на времето која треба да се случи утре кон крајот на денот и навечер, односно од запад ќе започнат врнежи од дожд и во текот на ноќта ќе се прошират речиси насекаде  а локално во западните делови ќе наврне и позначително количество на воден талог, и тоа над 20 л/м2 а има услови и за појава на атмосферски процеси во вид на локални грмежи и поројни врнежи од дожд.

Во текот на ноќта кон вторник поради спуштање на многу постуден воздух од север температурите на воздухот нагло ќе опаднат за околу 10 степени, понекаде и за повеќе додека врнежите од дожд освен на повисоките места ќе поминат во снег и на некои од пониските места и тоа особено на запад и на север од државава.

Максималните температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени додека од вторник поради студениот бран значително ќе опаднат и најстудено ќе биде во среда кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 5 степени додека во утринските часови температурите понекаде ќе се спуштат и до околу -12 степени.

Исто така во вторник и во среда локално ќе има послаби врнежи од снег додека на повисоките места и на планините ќе се формира нова и ќе се зголеми снежната покривка, услови за потенка снежна покривка ќе има и понекаде на пониските места, особено на запад и на север.

Подготви: Славчо Попоски

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата