Како кажа Чеферин пред неколку денови – ова со ВАР е смешно, ако имаш поголем нос ќе ги свирнат офсајд. Истото му се случи на Садио Мане денеска на мечот со Вотфорд во Премиер лигата. Сенегалецот постигна гол за предност на Ливерпул од 2:0 но судијата после ВАР снимка го поништи. Причината е офсајд на Сенегалецот.

Еве го моментот. Каде тука судијата виде офсајд само тој знае. Можеби испружените прсти на раката? Само тој знае… Добро што не влијаеше врз победата на „Црвените“ во спротивно ќе имаше бурни реакции и многу коментари…