Бафетимби Гоми, некогашниот фудбалер на Лион и на уште неколку европски клубови беше стрелец на единствениот гол во победата на азискиот првак Ал Хилал над африканскиот шампион Есперанс де Тунис во четвртфиналето на Светското клупско првенство кое се игра во Доха. Францускиот напаѓач влезе во игра во 65 минута и после осум минути го постигна победничкиот гол.

Ал Хилал во полуфиналето ќе се соочи со Фламенго, јужноамериканскиот шампион, додека вечерва ќе играат Монтереј, првакот на Северна и Средна Америка и домаќинот Ал Сад и подобриот ќе се соочи со европскиот шампион Ливерпул во полуфиналето.