Шекеринска: Наполнивме стотици кеси со ѓубре, да се погрижиме да остане чисто

14.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шекеринска: Наполнивме стотици кеси со ѓубре, да се погрижиме да остане чисто

Припадниците на Армијата и вработените во Министерството, заедно со министерката Радмила Шекеринска, денеска на повеќе локации во и околу армиските објекти активно се вклучија во акцијата за чистење на животната средина, чија цел е да ја подигне свеста за потребата од почиста животна околина.

Акцијата се спроведе на неколку локации кај касарната „Илинден“, касарната „Гоце Делчев“ во Аеродром, касарната „Ѓорче Петров“ и касарната во Петровец во Скопје. Чистењето се реализираше и во другите гарнизони низ државата – Куманово, Тетово, Кичево, Прилеп, Велес и Штип.

„ Наполнивме стотици кеси со ѓубре, да се погрижиме сите локации да останат чисти и по денешниот ден. Едноставно е – ако сакаме чиста држава, ако ѓубрето ни пречи, да престанеме да го фрламе каде што не треба“,порача министерката.

Припадниците на Армијата во многу наврати досега покажаа дека приоритет и за Министерството и за Армијата е чистата животна средина, како фундаментално човеково право. Во денешната акција се придружија и првите луѓе на НАТО канцеларијата во Скопје и канцеларијата на САД за одбранбена соработка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата