Натпреварот помеѓу Наполи и Парма, кој требаше да се игра вечерва во 18:00 часот, е поместен за 18:30, соопштија од клубот од Неапол.

И покрај тоа што првично беше дека ќе биде одложен, сепак, од Парма не сакаа да слушнат за такво нешто, па федерацијата донесе одлука да се помести за пола час.

Во Неапол има силно невреме, големи врнежи од дожд. Меѓутоа се очекува истите да се стабилизираат, и од тука да се создадат услови мечот да се игра.