Судиите кои требало да судат на денешниот меч меѓу Динамо Загреб и Локомотива Загреб, доживеале тешка сообраќајна незгода синоќа на пат кон Загреб.

Судии биле Ален Јакшиќ, Јаков Титилиќ, кои се тешко повредени, а Горан Перица минал со лесни повреди. Првите двајца имаат по неколку скршени ребра.

Хрватскиот сојуз веднаш делегирал нови судии за натпреварот.

„Паѓаше снег, а до несреќата дошло поради неприлагодена брзина“, стои во соопштението на полицијата.