ЛА Лејкерс на гостувањето кај Мајами дојдоа до нова победа (113-110) во доста интересен натпревар. Домаќинот на полувреме замина со позитива од осум поени, во продолжение гостите заиграа многу подобро и дојдоа до нов триумф.

Леброн Џејмс постигна 28 поени, но се чини не беше задоволен од играта во првото полувреме.

„Поради мене бевме во негатива, но соиграчите ме разбудија. Играв пасивно, ми рекоа дека треба да бидам свој. Среќа што во кошарката има второ полувреме, на крајот славевме“, изјави по средбата Леброн кој неодамна влезе во историјата на НБА-лигата, постана првиот играч кој забележал трипл-дабл против секој тим во лигата.

Лејкерси се лидери во Западната конференција, имаат 23 победи и три порази.