Како после разводот да го ДОКУСУРИТЕ СОПСТВЕНОТО ДЕТЕ

14.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како после разводот да го ДОКУСУРИТЕ СОПСТВЕНОТО ДЕТЕ

Заедничкиот живот има многу предизвици, а родителството е најголемиот предизвик. А уште поголем е предизвикот после развод.

Најголемата несреќа кај децата не ја предзвикуваат родителските кавги, туку несреќата која продолжуваат да ја носат со себе во текот на целиот ден и несвесно ја делат со детето. Тоа е она поради што родителските кавги во детскте глави траат многу подолго отколку што траела вербалната расправија.

Како што одминува времето и станува јасно дека нема шанси бракот да се реанимира, незадоволството го надминува постоењето на какви било причини за опстанок на бракот, најнеиздржливо станува болката која ја предизвикува заедничкиот живот кај сите.

И тогаш се случува фамозниот развод.

Судски парници, центри за социјална работа, адвокати, пресуди, солзи, а бившите партнери не се погледнуваат, не се допираат, не се сакаат. Не изгледаат како да некгаш воопшто и се сакале.

Кај некои луѓе приказната завршува тука. Тие после крајот си дозволуваат нов почеток, но кај некои, тука почнува ново ниво во играта наречена пропаднат брак. Го преживуваат разводот, но не го надминуваат.

Остануваат да живеат во минатото во кое се случил разводот и не си дозволуваат себеси иднината да им се случи.

Ако некој некогаш се праша како да биде најдобар татко на светот, одговорот е, нека ја сака жената која ја одбрал да биде мајка на неговото дете. Ако некој се прашува како да биде најдобра мајка на светот – нека го сака мажот што го одбрала да му биде татко на нејзиното дете. Затоа што детето ја сфаќа љубовта кога живее во љубов,а не кога селективно му ја давате само нему, а поранешниот сопружник го мразите. Ако после развод не можете да кажете дека ги сакате своите бивши, тогаш баремемојте да ги покажувате ситеоние работи кои не се љубов, а кои ги чувствувате кон нив. Презир, гадење, одбојност, несогласување, осуда, префрлање на вината.…

И знаете што? Детето чие семејство се срушило, кое повеќе ги нема мама и тато во исто време, туку повремено има или мама или тато, го сфаќа вашиот презир кон поранешниот патнер – лично. Ако го преживее разводот и разделбата со таа дополнителна омраза само ќе го докусурите затоа што знае дека во себе носи 50 отсто генетски материјал од таткото и 50 отсто – од мајката, а тие двајца се презираат еден со друг.

Има боја на коса, облик на лице и нос на својот татко. Има усни и очи на мајката. Чувствителен е на мајката, а истраен на таткото. Чесен е и ги сака луѓето, на обајцата. А тие двајца се мразат еден со друг. Не сфаќаат дека со тоа го мразат и она што живее во нивното дете, а не е нивно, не сфаќаат дека додека се мразат еден со друг, воедно го мразат и оној дел од детето кој личи на личноста со која го зачнале.

Можеби и не сум во право…Што е сосема ок. Но постои една битна разлика. Јас ги сакам и двајцата, а тие меѓусебно се мразат. Она што јас имам да го кажам за секој од нив е подобро од она што тие ми го кажуваат мене еден за друг. А згора на сé, тие се одбрале еден со друг – а јас нив не ги одбрав.

Шах-мат.

Кога ќе престанат да се мразат, можеби и ќе можеме да поразговараме како луѓе. Дотогаш, знам, сé ќе биде имитација на љубов.

Записи од психотерапија, Милан, 23 години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата