Ако играчите на Шкендија се на одмор до 5 јануари, за кога е закажана прозивката и стартот на зимските подготовки, тогаш нема одмор за стручниот штаб и раководството на клубот. Имено како што велат нашите информации, Шкендија деновиве ќе организира зимски камп во Тетово, каде на проба ќе дојдат најмалку 20 играчи од нашата земја, потоа од Косово, Албанија, ќе има и од Бразил. Сите тие ќе се обидат да се наметнат кај шефот на струката Ернест Ѓока, покрај тренинзите ќе се одиграат и неколку пријателски натпревари. Па така ако се случи некој да успее да го искаже своите квалитети ќе остане во Шкендија и од 5 јануари ќе ги започне зимските подготовки како играч на шампионот. Значи со него клубот ќе потпише договор. Ова не е ништо ново кога станува збор за тетовскиот клуб, и во минатите години Шкендија организирала вакви зимски кампови на кои се барало нови имиња или засилувања.

Од друга страна челниците на шампионот во моментов се во преговори со неколку играчи, потецијални засилувања. Сепак останува да се види кој се од нив би можел да се ангажира.