БОЛЕСТ НА МИНАТИОТ ВЕК. Скопје пред прогласување ЕПИДЕМИЈА НА ЖОЛТИЦА

14.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БОЛЕСТ НА МИНАТИОТ ВЕК. Скопје пред прогласување ЕПИДЕМИЈА НА ЖОЛТИЦА

Скопје пред прогласување на епидемија од жолтица. Од први септември се регистрирани 56 случаи од заразна жолтица.

Оваа бројка е многу повисока од минатите години во 2018 година имало 30 заболени. Од  17 општини во Скопје во  12 општини има заболени со жолтица. Случаите меѓу себе не се поврзани освен во едно семејство каде имало тројца заразени од жолтица.

Во неколку случаи се регистрирани заболени и таму веќе е направена дезинфекција, едукација за вработените и учениците за одржување на хигиена во училиштата.

Инкубацијата на жолтица трае и две недели кога без никакви симптоми заболениот може да ја пренесе , а да има симптоми на настаника за да премине во пожолтување на белките на очите и кожата и измени во бојата на мокрачата и изметот.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата