Лестер оваа сезона игра фантастично, втор е зад Ливерпул на табелата во Премиер лигата. Тоа е познато, познато е дека тренерот Роџерс и капитенот Варди се главните фаци на „лисиците“, но утринава дојде една малку необична вест од Англија.

Имено секој што ќе дојде на мечот Лестер – Норвич на стадионот „Кинг Пауер“ ќе добие Божиќна капа, но и парче англиска пита или по наше бурек.

Нема што, генијална идеја. Ем си јадеш бурек ем гледаш како Лестер победува.