Изгубил на спортска, па влегол маскиран во обложувалница за да си ги врати парите

14.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Изгубил на спортска, па влегол маскиран во обложувалница за да си ги врати парите

Обложувалница во Даниловград била мета на грабеж од страна на момче кое претходно изгубило се обложувајќи се. Типот сакал загубените пари да си ги поврати со грабеж, па заминал дома, се маскирал, се вооружил и се вратил по своето. 

Како што може да се види од видео снимките од безбедносните камери, тој ја замотал главата, а не е сигурно со што им се заканувал на вработените. На крајот кутриот останал со празни раце и морал дома да си се врати со празни џебови. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата