Ливерпул е подготвен да го урне клупскиот рекорд за Нејмар, открива „ESPN“.

Бразилецот веќе неколку преодни рокови си замина од Париз, а следното лето овој трансфер може да се случи, во трката за неговите услуги влезе и евопскиот првак.

Тимот од „Енфилд“ расте од година во година, неодамна ја продолжија соработката со Јирген Клоп до 2024 година, а најнова желба на челниците на клубот е Нејмар.

Според „ESPN“ Ливерпул подготвува спектакуларна понуда, без проблем ќе издвои 200 милиони евра, а кога на целата оваа приказна ќе се додадат и платите за Нејмар ќе дадат околу 300 милиони евра, што е рекордна сума за тимот од Островот.