МИНИМУМ 9.000 ЕВРА МЕСЕЧНО заработуваа лекарите во Германија

14.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МИНИМУМ 9.000 ЕВРА МЕСЕЧНО заработуваа лекарите во Германија

Германскиот бизнис портал Гехалт.де објавил најнови податоци за највисоките и најниските плати во Германија во 2019 година.

Највисоката плата во земјата ја земаат искусните лекари кои годишно заработуваат околу 115.320 евра бруто, експертите за продажба или аквизација со заработка од 99.635, директорите на фондовите 83.640 и лекарите специјалисти со 80.720 евра годишно.

Меѓу најплатените се уште и финансиско сметководствените менаџери, регионалните менаџери за продажба и слаткарите.

Од друга страна, најслабо платени работници се вработените во кујна чија годишна бруто плата изнесува околу 21.907 евра, фризери 23.202, келнерите или келнерките 23.620, работниците во кол центрите 25.200 и рецепционерите со годишна заработка од 25.370 евра.

Меѓу најслабо платените работници во Германија се наоѓаат уште и благајниците, готвачите, денталните асистенти, негувателките и возачите.

Според податоците на порталот, работниците на југот од Германија примаат значително поголема плата од остатокот од земјата, а најголеми плати оваа година се забележани во покраината Хесе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата