Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди се прероди откако летово како позајмен играч замине до Интер во ПСЖ и тој досега на 15 натпревари постигна 12 гола.

„Светците“ се и тоа како задоволни од прикажаното на Аргентинецот и сакаат уште во јануари да го откупат неговиот договор од Интер за 70 милиони евра.

Но, според Тутоспорт неговата сопруга и менаџер, Ванда Нара е таа која прави проблеми. Одличната игра на Икарди не остана незабележана од Реал Мадрид и Јувентус, кои исто така пројавуваат интерес за него, па таа сака да има повеќе време за одлука.

Таа сака што подолго нејзиниот сопруг да биде слободен играч и да може да преговара, доколку евентуално добие поинтересни понуди.