Денеска од 13 часот на стадионот СРЦ „Атина Бојаџи“ во Охрид, ќе се одигра пријателски натпревар меѓу Работнички и селекцијата на Македонија до 21 година. Нашите надежи, оние кои се повикани на зимскиот камп од страна на селекторот Благоја Милевски и кои допрва очекуваат шанса од него за наредните натпревари, во овој натпревар влегуваат драстично ослабени. Имено поради повреда  во Охрид воопшто не отпатуваа Адем, Колевски и Ибиши од Вардар, па Милевски мораше да повикува нови играчи.

А што се однесува до „роматичарите“, и тие ќе настапат со комбиниран состав. По овој натпревар заминуваа на зимска пауза.