Пеп Гвардиола јасно стави до знаење дека нема намера да го напушти Манчестер Сити, иако во последнот време се посилни се гласините дека тој на лето заминува од клубот и дека челниците на премиерлигашот веќе го бараат неговиот наследник.

„Не е вистина дека во договорот има клаузула по која можам да си заминам од клубот на крајот на сезонава. Тоа го кажав и пред неколку дена, односно која е мојата намера со овој клуб“, јасно даде до знаење Гвардиола.

Тој исто така зборуваше и за промените кои ги планира во тимот.

„Со актуелниот состав остануваме до крајот на сезоната. Доколку се прават некои промени, тоа ќе биде на лето“, заклучи Шпанецот.