Душан Бајевиќ  или „Принцот од Неретва“ ќе биде новиот селектор на БиХ. Тој ќе биде наследникот на Роберт Просинечки, и тој ќе се обиде низ баражот во март, да ги однесе Босанците на ЕВРО 2020. Се споменуваа неколку имиња, изгледна беше варијантата и Сафет Сушиќ да се врати, но сепак челниците на Босанската Федерација го избраа Бајевиќ, треба само официјална потврда.

А Бајевиќ е легенда на Вележ, на БИХ, на екс СФРЈ. Еден од најдобрите центарфори кои го имала бившата земја, токму затоа и прекарот „Принцот од Неретва“, тој беше принц на фудбалот во тоа време.  Играше само за Вележ и АЕК. За селекцијата на СФРЈ на 37 мечеви постигна 29 голови.  Како тренер работел во Вележ, во повеќе грчки клубови како Олимпијакос, Паок, АЕК, Арис, на Кипар во Омонија а беше и стратег на Ц. Звезда.