Трамп објави фотошопирана фотографија од себе како Грета

14.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп објави фотошопирана фотографија од себе како Грета

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е смешно тоа што „Тајм“ ја избра шведската активистска за климата Грета Тунберг за личност на годината, а сега нејзината слика од насловната страница на магазинот се појави во неговата кампања.

Претседателовата кампања објави фотошопирана фотографија на Трамп како Тунберг на една од официјалните прифили на Твитер, @TrumpWarRoom.

„Кога станува збор за почитување на ветувањата, постои само една личност на годината“, се наведува во твитот, во кој понатаму се наведува листата на постигнувања на Трамп , вклучувајќи ги и „процутот на економијата“, изградбата на антиимигрантскиот ѕид кон Мексико и трговските договори.

Пред неколку дена, кога беше објавена веста дека 16-годишната активистка е личност на годината според „Тајм“, американскиот претседател го оцени како безначаен нејзиниот избор.

„Грета треба да работи на својот проблем со контролата на гневот, а потоа да отиде на некој добар старомоден филм заедно со другарка! Олади, Грета, олабави се малку“, напиша Трамп на „Твитер“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата