Kirin 1020 чипсетот ќе биде креиран во 5nm процес

14.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Kirin 1020 чипсетот ќе биде креиран во 5nm процес

Се зголемува бројот на вестите за премиум чипсетот од следната генерација на Huawei, наречен Kirin 1020, но сепак, процесорот нема да биде објавен до следната есен.

Нови вести доаѓаат од кинеската социјална мрежа Weibo, каде еден од блогерите сугерира: „5nm Балтимор, подготвен за верификација“. Во минатото, интерните кодови на Hisilicon чиповите обично ги носеле имињата на странски градови. Покрај ова, моментно постојат само две муштерии на 5 nm процес на TSMC, а тоа се Apple и Hisilicon.

Се верува дека Kirin 1020 ќе го прескокне A77 и директно ќе ја користи A78 архитектурата на јадро. Сепак, сè уште е рано за vakvi информации и повеќе детали се очекуваат во текот на следната година.

Секако, сите најмногу се заинтересирани за тоа колкаво зголемување во процесорската сила ќе имплементира овој чипсет. Неодамнешните гласини сугерираат дека тоа ќе изнесува 50 проценти во однос на Kirin 990, што претставува огромно зголемување. За споредба, зголемувањето на перформансите на Snapdragon 865 моделите во однос на 855 е помалку од 25 проценти.

 

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата