Samsung Galaxy A51 и Galaxy A71 официјализирани со четири задни камери

14.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Samsung Galaxy A51 и Galaxy A71 официјализирани со четири задни камери

Samsung ги претстави Galaxy A51 и Galaxy A71 смартфоните, налследници на популарните Galaxy A50 и Galaxy A70 модели од средниот сегмент, кои се појавија претходно оваа година.

Кога се во прашање спецификациите и дизајнот, Galaxy A51 и Galaxy A71 не претставуваат голема надградба во однос на нивните претходници. Наместо тоа, Samsung се фокусира на подобрување на перформансите на камерата, поради што додаде макро сензор на двата телефона.

Двата смартфона се исто така првите модели од средната класа на Samsung, кои користат Android 10 со One UI 2.0 интерфејс од самиот старт.

Целосните спецификации на Galaxy A51 вклучуваат: 6,5-инчен FHD+ Super AMOLED Infinity-O дисплеј, Exynos 9611 чипсет, 4GB/6GB RAM меморија, 64GB/128GB простор за складирање. Кога станува збор за камерата, тука е главниот сензор од 48MP f/2.0, ултраширокиот сензор 12MP f/2.2, сензорот за длабочина од 5MP f/2.2, макро сензорот од 5MP f/2.4, како и сензорот од 32MP f/2.2. Батеријата е 4000mAh, со брзо полнење од 15W. Исто така, се карактеризира со Face Unlock, сензор за отпечаток од прст во екранот, поддршка за Dual-SIM 4G и друго.

Galaxy A71 има поголем дисплеј и посилен хардвер, како и поспособни камери. Телефонот има 6,7-инчен FHD+ Super AMOLED Infinity-O дисплеј, осум-јадрен процесор, 6 GB/8 GB RAM меморија, 128 GB простор за складирање. На полето на камери, има 64MP f/1.8 главен сензор, ултраширок сензор од 12MP f/2.2, сензор за длабочина од 5MP f/2.2, 5MP f/2.4 макро сензор и селфи камера од 32MP f/2.2. Батеријата е со 4500mAh со можност за брзо полнење од 25W. Како и кај A51, Face Unlock е и сензорот за отпечатоци се присутни под екранот.

Samsung не ги објави цените и достапноста на Galaxy A51 и Galaxy A71, но смартфоните наскоро се очекува да бидат достапни на меѓународните пазари.

 

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата