Кошаркарите на Барселона го добија дербито на 13. коло во Евролигата вечерва. Каталонците пред своја публика, во исклучително возбудлив меч, успеаја да слават со 98:86 и да ја обезбедат 10-тата победа во тековната сезона.

Панатинаикос имаше солиден меч, со падови во играта во текот на целиот меч, па на крај не успеа да го изненади силниот домашен тим. Најдобар поентер кај Барселона беше Никола Миротиќ со 23 поен. Фредете со 19 поени беше најефикасен кај ПАО.

Претходно, кошаркарите на Валенсија славеа на гостувањето кај Жалгирис со 86:82, додека Баерн (М) пред своја публика беше подобар од руски Зенит со 77:69.

Вечерва одличен меч одиграа и кошаркарите на АСВЕЛ кои пред своја публика ја обезбедија само шестата сезонска победа, совладувајќи го фаворитот Олимпија Милано со 89:82. На оваа средба одличен кај домашните беше Лајти со 19 поени.

Standings provided by Sofascore LiveScore