Откако денеска се појавија информации дека Атлетико (М) е заинтересиран за левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо, вечерва од Италија стигнува вест дека Антонио Конте дал наредба да се договори трансфер на Шпанецот во Интер.

Шпанецот не е прв избор на Лампард, па откако е тргната суспензијата за трансфери, Челзи ќе размисли за негова продажба во јануари.

Антонио Конте работеше со Шпанецот во Лондон, имаа одлична врска, па Италијанецот се надева дека може да го убеди левиот бек на Челзи да ја прифати понудата од Милано. За разлика од „јорганџиите“ кои најавија дека сакаат веднаш да го откупат неговиот договор, Интер ќе бара да го донесе Алонсо на позајмица за 2-3 милиони евра, па во јуни да го откупи неговиот договор за околу 20 милиони евра.