КОЦЕ ДО ШИЛЕГОВ: Ти оставив готов проект за Пластичарска, што правеше до сега?

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОЦЕ ДО ШИЛЕГОВ: Ти оставив готов проект за Пластичарска, што правеше до сега?

Чекаше да се заборави дека ти оставив проект, па да започнеш со градба? Вака поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, јавно го прозва сегашниот, Петре Шилегов.

Денеска скопскиот градоначалник заедно со премиерот во заминување Зоран Заев направија увид на градежните работи за реконструкцијата на булеварот „Никола Карев“, познат како Пластичарска улица. Затоа Трајановски го потсеќа дека овој проект одамна требало да започне.

Петре Шилегов ти оставив скоро готов проект за бул. „Никола Карев“ или Пластичарска и ти требаа повеќе од 2 години да ја почнеш со градба. Што беше проблемот што не ја започна? Чекаше да се заборави дека ти оставив проект? Како и да е добро е што конечно реши да почнеш да го реализираш проектот за доброто на граѓаните иако е јасно дека ви е во функција на изборите, порача Трајановски.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата