Рибари ловеа риби, а УЛОВИЈА БОМБИ (ФОТО+ВИДЕО)

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рибари ловеа риби, а УЛОВИЈА БОМБИ (ФОТО+ВИДЕО)

Видео клип објавен на Јутјуб, кој веќе е прегледан повеќе од 450.000 пати од објавувањето на 30 јули годинава, покажува дека реката Тамиш во Панчево на дното покрај ѓубре има и оружје.

Риболовци со магнет од реката извадија стар пиштол, дел од стара пушка или митралез, придушувач и шаржери со куршуми.

Во купиштата отпадоци имало и катанци, делови од мостот Тамиш, ножеви, куки, ѕидарски алати, како и вибратор.

Добро е познато дека во Србија нема доволно нега на животната средина, а примерот на реката Тамиш во Панчево покажува што се крие на дното на една река.

На снимката може да се види дека овој „рибар“ добил посета и  од полицијата, а како што е наведено, му ги одзеле делови од оружјето што било пронајдено.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата