Правдата на Пендаровски: ПОМИЛУВАЊЕ ЗА МАЈКАТА КОЈА СИ ГО УБИЛА ДЕТЕТО

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Правдата на Пендаровски: ПОМИЛУВАЊЕ ЗА МАЈКАТА КОЈА СИ ГО УБИЛА ДЕТЕТО

Цела македонската јавност е во шок од одлуката на актуелниот претседател на земјава. Претседателот Стево Пендаровски ѝ ја скрати затворската казна за шест месеци на Ивана Јангеловска, мајката која беше осудена бидејќи во 2012 година ја задуши свјата тримесечна ќерка со перница.

Одлуката за помилување на триесетгодишната Ивана Јангеловска Манасиева денеска била објавена во Службен весник.

Претседателот ја донел одлуката на предлог на Комисијата за помилување. Утврдено било дека убиството било сторено додека мајката била во постпородилна депресија.

За потсетување, дваесет и тригодишна жителка на кичевско Челопеци беше  уапсенаво 2012 година поради убиство на нејзиното но бебе.

Како што соопшти полицијата, станува збор за И.Ј., која во на 29 јуни 2012 година  со перница ја задушила сопствената двомесечна ќерка. Убиството го извршила во спалната соба по претходна кавга со невенчаниот сопруг. Таа влегла во собата и ставила перница врз главата на бебето. Следниот ден, без да биде пријавен случајот во полиција, бебето било погребено на селските гробишта. Инаку, пред да го убие бебето таа испратила неколку СМС-пораки со кои на сопругот и на сестра си им рекла дека не можела повеќе да издржи и дека ќе го убие бебето.

Таа пред убиството се обидела се самоубиескокајќи од вториот кат на семејната куќа, но завршила со неколку искршеници. Кичевчанката пред полицијата признала дека го задушила бебето и рекла дека тоа го направила во моменти на силно нервно растројство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата