Премиерот во заминување НЕ ГЛЕДА ПРИЧИНА за протестна нота до Бугарија, НЕ САКАЛ ДА ГИ НАРУШИ ОДНОСИТЕ со соседите

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Премиерот во заминување НЕ ГЛЕДА ПРИЧИНА за протестна нота до Бугарија, НЕ САКАЛ ДА ГИ НАРУШИ ОДНОСИТЕ со соседите

Македонија не испратила протестна нота до Бугарија во врска со реакцијата на Бугарската академија на науките (БАН) со кој се негира македонскиот јазик.

Не секогаш реакциите се изразуваат како протестна нота. Некои реакции се преку протестна нота, друг дел се реакции кои значат повикување на амбасадорот во Министерството за надворешни работи, трет вид реакции се политички разговори. Веќе воспоставив контакт со премиерот Борисов на крајот на годинава или почетокот на следната да се видиме, ќе поразговараме, додаде тој.

Додаде дека нашиот јазик е признат во целиот свет, впишан е во Обединетите нации, идентитетот е верификиуван и дека Бугарија била европска земја и голем наш пријател и на македонскиот народ.

Вверувам дека низ дијалог ќе најдеме решение за ваквите прашања затоа што се чувствителни. Ние имаме намера да бидеме Европејци, сакаме да одиме во ЕУ. Бугарија е пријател и ваквите дисонантни тонови навистина не треба да го нарушуваат пријателството. Недозволиво е во 21 век да ги отвораме идентитетските прашања, рече премиерот во заминување.

Заев нагласи дека идентитетот е чувство, кое не може никој да го промени, како што рече тоа го докажал со договорите со Грција но и Бугарија. 

Тоа го знае и Бугарија, потпишавме Договор, рече тој и изрази верување дека низ призма на пријателството ќе се наоѓа решение.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата