Фросина Ременски ИЗБЕГА ОД НОВИНАРИТЕ (ВИДЕО)

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фросина Ременски ИЗБЕГА ОД НОВИНАРИТЕ (ВИДЕО)

Фросина Ременски денеш вршеше увид врз доказите за Меѓународниот Сојуз, но при излегување се обиде скришно да избега од медиумите.  Таа во 10 часот влезе во обвинителството за организиран криминал на единственеиот влез каде што немаше медиуми, петипол часа подоцна скришно и излезе. Додека сите вработени од апелација и обвинителството излегуваа на официјалниот влез, единствен отворен во тоа време, некој и ја отворил заклучената врата на задниот влез, кој според сите протоколи беше затворен еден час порано. На овој начин пратеничката Фросина Ременски се обиде да ги избегне новинарите.

Екипата на А1.он ја пресретна на раскрсницата кај Врховниот суд. Како пратеник избран од граѓаните која треба да одговори на сите прашањата од интерес на јавноста, Ременски возврати со критики за новинарите дека не известуваат објективно, дека прават медиумска фама за случај кој според неа е приватен интерес.

Обвинителството за организиран криминал користи простории во рамки на зградата на Скопска апелација. Претседатлеката на овој суд Лидија Димчевска во телефонски разговор за Телма тврдеше дека судски полицаец без нејзина дозвола одлучил да и отклучи на пратеничката и на тој начин да ја сокрие од медиумите кои со часови ја чекаа таму и вели дека ваквата ситуација нема да се повтори.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата