СКАНДАЛОЗНО: Професори по физичко од Велес ПРОФИТИРААТ ВРЗ ГРБОТ НА ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКИТЕ

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СКАНДАЛОЗНО: Професори по физичко од Велес ПРОФИТИРААТ ВРЗ ГРБОТ НА ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКИТЕ

Родителите на децата од повеќето градинки во Велес остро реагираат и ги осудуваат постапките на професорите кои што ги одржуваат часовите по физичко образование. Часовите ги држат професори кои што се вработени во училишта во Велес, кои покрај државната работа, со помош на луѓе високо позиционирани во општината и преку роднински врски ги добиваат и часовите по физичко образование во градинките.

Во законот е предвидено и годинава изгласано, овие часови да ги одржува професор вработен во градинките со што родителите не би требало да плаќаат дополнителни пари. Односно, сумата за овие часови би влегувала во месечниот надоместок кој го плаќаат родителите. Но, со цел за да можат овие лица да профитираат, тоа не се реализираше.

Како што дознава КУРИР, во Велес овие часови претходно ги одржуваше професорот по физичко образование М.Р. кој што работел цели 5 години на оваа функција.

Овој професор е магистер, има завршено два факултета, оженет е и татко на едно малолетно дете. После 5 години успешна работа и добиени разни благодарници за проекти и олимпијади, часовите му се одземаат, со цел веќе вработените лица да можат да остваруваат дополнителен профит. Тој останува невработен, а лицата што му ги одземаат часевите се веќе вработени, па со ова добиваат уште еден извор на приход.

До редакцијата на КУРИР пристигнаа имињата на овие професори, но и скандали поврзани со нив и нивното работење.

Во овој текст ќе ги објавиме само нивните иницијали: Станува збор за професорите: В.Н., П. Ж., А.Љ., Ј.Т..

Еден од нив е на мета на критики на јавноста откако претходно бил обвинет за кражба, но случајот никогаш не е расчистен. На повеќе пати истиот професор, како што дознаваме, бил пријавуван заради разни вулгарни навреди кон децата, но ниту за ова никој не превзема нешто.

Овој професор, според нашите извори, е во блиска роднинска врска со еден министер од актуелната Влада и братучед на функционер од СДСМ Велес. Преку овие роднински врски е извршен притисок со закани и уцени за да овие луѓе ги добијат часовите во градинките.

Скандалозни афери се врзуваат и со името на еден друг од професорите чии иницијали објавивме погоре. Велешани сигурно ќе знаат за кого станува збор. Тоа е професор за кого кружат гласини дека бил во љубовна афера со колешка професорка која поради скандалозно видео беше избркана од работа.

Лица со вакви профили, кои треба да бидат осудени од јавноста и институциите, од власта на СДСМ добиваат нови извори на приходи преку нови работни места.

Скандалот не завршува тука. КУРИР поседува информации за овие лица и со кого точно се поврзани, но засега истите, со цел заштита на нечија приватност, нема да ги објавиме.

Покрај нивната работа во училиште, а сега и во градинки, дополнително тие водат спортски клубови. Овие часови за спорт, како што веќе напоменавме треба да бидат пресметани во вкупната сума која родителите секој месец ја плаќаат преку уплатница. Тие средства легнуваат на сметката на Буџетот на Република Македонија.

Но, тоа што навистина се случува, освен што е незаконско и скандалозно, нанесува директна штета на Буџетот. Средствата за часови по спорт, родители во Велес ги исплаќаат на сметка на приватен клуб.

Одбојкарски клуб Борец и кошаркарски клуб Борец, покрај чланарината што ја плаќаат децата, земаат големи суми на пари од општина Велес. Тие пари се државни, од џебот на македонските граѓани. Дополнително од секој родител на дете кое посетува часови по спорт во градинка, парите легнуваат на сметката на кошаркарскиот клуб Борец Баскет што е апсолутно неприфатливо затоа што тие деца не тренираат во клубот.

Голем број на родители и вработени во градинките остро реагираа затоа што часовите не се одржани на соодветен начин.

Имено, часовите се многу кратки и во одредени денови воопшто не се одржани затоа што професорите мора да одат на работа!

Родителите на децата одбиваат да плаќаат чланарина затоа што донесена е одлука со закон дека треба да се вработи лице што ќе ги одржува часовите по физичко образование со што трошоците за час по физичко се на државата, а не на терет на родителите.

Загрижените родители апелираат до надлежните институции да превземат мерки за случајот и да реагираат затоа што немаат намера да плаќаат дополнителни трошоци, кои што се предвидени со закон дека треба да ги покрие државата, а не преку нив да се остварува профит

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата