Кривична против две фирми и нивниот управител од Велес зошто затајувале данок

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кривична против две фирми и нивниот управител од Велес зошто затајувале данок

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против управител на правните лица ТД АДО 95 и ТД ГАЦО КОМ, како и против правното лице ТД АДО 95 и правното лице ТД ГАЦО КОМ, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дел даночно затајување и фалсификување или уништување на деловни книги.

Како што наведува финансиска полиција, првопријавениот В.О. во својство на управител на правните лица ТД АДО 95 и ТД ГАЦО КОМ, во периодот од 01.01.2016 година до денес, со цел да се стекне со противправна имотна корист, во име и за сметка на второпријавеното правно лице ТД АДО 95 и третопријавеното правно лице ТД ГАЦО КОМ, во завршните сметки за 2018 година прикажал невистинити податоци, односно, не извршил отпис на ненаплатените побарувања од купувачите кои се постари од три години, и тоа за вторпријавеното ТД Адо 95 во износ од 43.103.393,00 денари, за третопријавеното ТД Гацо Ком во износ од 23.783.183,00 денари со што не ја зголемил добивката во однос на непризнаени расходи за даночни цели, за кои износи не пресметал, не пријавил и не платил Данок на Добивка во износ од 4.310.339,00 денари за второпријавеното правно лице ТД Адо 95 и износ од 2.378.183,00 денари за третопријавеното правно лице ТД ГАЦО КОМ.

Со претходнонаведените дејствија, пријавените лица го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 6.688.658,00 денари.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата