Јанушев: Менувањето изборен модел го покажува вистинското лице на Заев и СДСМ за тоа како шарлатански и хазардерски ја водат оваа држава

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јанушев: Менувањето изборен модел го покажува вистинското лице на Заев и СДСМ за тоа како шарлатански и хазардерски ја водат оваа држава

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на новинарско прашање зошто ВМРО-ДПМНЕ има поднесено над 1000 амандмани за изборниот законик, одговори дека вистината е дека се поднесени речиси 7000 амандмани, меѓутоа невистина е дека ВМРО-ДПМНЕ има поднесено илјадници амандмани, ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 600 амандмани, додека ДУИ има поднесено над 6000 или околу 6000 амандмани.

Без да навлегувам во техничките детали, вистината е дека се поднесени речиси 7000 амандмани, меѓутоа невистина е дека ВМРО-ДПМНЕ има поднесено илјадници амандмани, ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 600 амандмани, додека ДУИ има поднесено над 6000 или околу 6000 амандмани. Она што е многу побитно во целиот овој процес е дека СДСМ и Заев по не знам кој пат се обидуваат да манипулираат пред се со помалите политички партии бидејќи од поднесените амандмани гледаме дека всушност и внатре во коалицијата не се сите работи онакви какви што се претставуваат пред јавноста. Она што е најбитно во овој момент е дека измени на изборниот законик во насока на менување на изборниот модел на речиси неполни 2-3 недели пред бирање, односно составување на техничка влада којашто треба да ги спроведе изборите, од друга страна на 3 односно 4 месеци неполни пред одржување на парламентарните избори да менувате изборен модел и притоа без консензус на најголемите политички субјекти уште еднаш само го покажува вистинското лице на Заев и СДСМ во однос на тоа како шарлатански и хазардерски ја водат оваа држава, рече Јанушев.

Запрашан до каде се со преговорите со власта за спроведување на препораките од ОБСЕ и она префрлање на гласачи од 6та изборна единица во другите, дали има некаков договор за тоа, дали во амандманите содржат нешто од тоа?

Тој кажа дека и препораките од ОБСЕ од ОДИХР односно од сите оние кои се надлежни да даваат забелешки и кој учествуваат и ги надгледуваат изборните процеси кажуваат дека измена од ваков тип каде што станува збор за измена на изборниот модел, не препорачуваат, истото да се направи најмалку една година пред одржувањето на изборите.

И самите препораки од ОБСЕ од ОДИХР односно од сите оние кои се надлежни да даваат забелешки и кој учествуваат и ги надгледуваат изборните процеси кажуваат дека измена од ваков тип каде што станува збор за измена на изборниот модел, не препорачуваат истото да се направи најмалку една година пред одржувањето на изборите. ВМРО-ДПМНЕ како и до сега, а во интерес на граѓаните на Република Македонија не ја затвара вратата, апсолутно сме отворени да седнеме со сите релевантни политички субјекти да разговараме и да најдеме начин во која насока треба да се движат овие измени по завршување на изборите на 12-ти април. Сега во овој момент сметаме дека е тотално надвор од сите логични норми, надвор од сите пракси кои што ги имаме во целиот модерен и развиен свет, да седиме и сега тоа да го правиме, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата