Министре, додека единствениот фокус ти е преземање на фотелјата на Заев, цела Македонија ни тоне во криминал

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Министре, додека единствениот фокус ти е преземање на фотелјата на Заев, цела Македонија ни тоне во криминал

Оливер, додека ги броиш заедничките слики со Боки 13, во Македонија се случува хаос. Полициски службеници седат со криминалци, а во градовите не владее закон, туку анархија, му порача Орце Ѓорѓиевски на министерот за внатрешни работи по двата инциденти што се случија во изниматите неколку дена, во кои жртви беа  пратеници на СДСМ, а беа изоставени од полицискиот билтен.

- На пратеник од СДСМ од Кочани се обиделе да му ја киднапираат ќерката, а вчера во Скопје е влезено во стан на пратеничка од власта, која гласаше за колективна амнестија, односно ослободување на околу 1.000 криминалци од затворите. Претходно на семејството на сопруга на советник на Заев, чиј брат е претседател на општинската организација и беа запалени два автомобили во Штип. Настаните се случуваат едно по друго, а вие немате контрола над ситуацијата. Ова е резултат на вашата коалиција, во која ти и Заев сте од една страна, а криминалците и криминалните групи од друга страна. Ова е резултат на неказнивоста на заменици министри кои газат моторџии и пратеници кои се пријавувани за семејно насилство. Ова е цената на ослободувањето на над 1.000 криминалци од затворите кои хараат низ државата и полицијата не им може ништо бидејќи се во врска со врвот на власта, жртва може да биде секој. Ова е цената на вашите врски со мафијашките структурти, порача Ѓорѓиевски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава дека додека единствениот фокус на Спасовски е преземање на фотелјата на Заев, цела Македонија ни тоне во криминал.

- Ти и твоите соработници сте неспособни да се грижите за безбедноста на граѓаните и државата. Ќе останеш запаметен како најлошиот и најнеспособниот министер за внатрешни работи и доколку имаш доблест целосно ќе се повлечеш од политиката. По 12 април Македонија ќе биде држава во која безбедноста ќе биде на високо ниво, а јавниот ред и мир загарантирани, порача Ѓорѓиевски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата