Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Нигер

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Нигер

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот врз воениот камп во Нигер во кој загинаа најмалку 71 војник.

Екстремистичка група изврши напад во близина на градот Инатес, недалеку од границата со Мали, пренесува АП.

Нигериската војска соопшти дека уште 12 војници се повредени во нападот што се случи на почетокот на оваа недела.

Групата Исламска држава тврди дека нејзините борци заплениле големо количество оружје и муниција, како и 16 возила, а потоа го запалиле кампот.

Нигериската влада прогласи тридневна жалост по нападот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата