Барселона се чини дека скапо ќе ја плати својата грешка од пред две години кога одби да го ангажира Аргентинецот Лаутаро Мартинез, кој му го нудеше Рејсинг.

Аргентинскиот клуб за него бараше 25 милиони евра, но ставот на Пеп Сегура беше дека тој не е калибар за Блауграна.

Сега, Барселона го сака во своите редови како замена за Луиз Суарез. Мартинез во моментов е играч на Интер, игра одлична сезона, 13 гола и три асистенции на 21 натпревар.

Ако каталонскиот гигант толку многу го сака Аргентинецот во своите редови ќе мора да плати 111 милиони евра.