Стивен Џерард утринава го продолжи договорот со Глазгов Ренџерс на уште две години. Стариот му истекуваше во 2022 година, а овој новиот, кој е продолжен за уште две, му истекува дури на крајот од сезоната 2023/2024, значи до јуни 2024 година Џерард ќе го предводи тимот од Глазгов.

Оваа вест потврдена од страна на официјалните лица на шкотскиот гигант. Интересно е тоа што легендата на Ливерпул и англискиот фудбал во Ренџерс дојде во јули 2018 година. И својот прв натпревар како стратег на „ренџерите“ го имаше против нашиот Шкупи, во првото коло од квалификациите во Лигата на Европа.