Силјановска: Се ставаат под прашалник кредибилитетот и професионалните перформанси на останатите обвинители во СЈО

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силјановска: Се ставаат под прашалник кредибилитетот и професионалните перформанси на останатите обвинители во СЈО

Професорката Гордана Силјановска во синоќешната емисија Клик плус на ТВ 21 изјави дека се става под сериозен прашалник кредибилитетот и професионалните перформанси на останатите обвинители во СЈО, после сите скандали и афери.

-Дали е во ред тоа Јавно Обвинителство во кое и со чинење и со нечинење дошло до ситуацијата до која сме, дали е во ред тоа Специјално Јавно Обвинителство да ја продолжи својата работа. Имам дилеми не само кон обвинителката туку кон сите имам дилема. Јас имам резерва, дали да им доверите да ја водат работата после се ова? Еве го толкувам низ членот број 7 кој вели дека дека јавниот обвинител ја води фунцијата одговорно и објективно, потенцираше Силјановска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата