Теа Трајковска не е веќе на пауза, има нова песна!

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Теа Трајковска не е веќе на пауза, има нова песна!

По подолга пауза пејачката Теа Трајковска на македонската сцена се враќа со хит во буквална смисла на зборот. „Што би било“ е името на новата песна тема на која Трајковска и нејзиниот тим работеа неколку месеци. Автор на текстот е токму Теа, додека пак на музиката и аранжманот и овојпат се потпишува најдобриот хит-мејкер во земјава, Лазар Цветковски.

- „Што би било” ми е еден од подрагите проекти затоа што и самата песна и видеото се нешто поинакво од тоа што сум го работела после албумот, што воедно ми беше и целта и мислам дека со Лазе успеавме во тоа да најдеме нова димензија во која би се движела нашата музика. Огромна благодарност и до Даниел Јовески кој се погрижи за тоа да ја доловиме емоцијата соодветно во видеото и до „Фибула травел“, со чија помош спотот го снимавме во прекрасната Анталија – вели Теа.

Теа ветува дека во иднина ќе биде многу поактивна на сцената, а дотогаш погледнете го премиерно новиот видеоспот за „Што би било“.

 

 

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата