Репрезентацијата на Холандија е првиот финалист на Светското првенство во Јапонија, откако во полуфиналето со 33:32 (16:16) ја победи Русија.

„Зборнаја“ која беше непоразена во досегашниот дел од мундијалот, киксна во клучниот натпревар, оној кој ја носеше до златниот медал.

Иако Русинките имаа водство во првиот дел, на пауза заминаа со егал 16:16, додека во вториот дел „лалињата“ беа тие кои ја имаа иницијативата пред нов егал, 29:29 на седум минути до крајот на средбата.

Холандија дојде до гол предност, а Русија имаше напад за ново изедначување и продолжување на драмата, но играчот на натпреварот, Ана Вјахирева, шутираше крај голот во последниот напад и тоа значеше крај на надежите на „зборнаја“ за светско злато.

Холандија е во финале го чека победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Норвешка и Шпанија.