Димитров на проштална средба со турската амбасадорка Тулин Еркал Кара

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димитров на проштална средба со турската амбасадорка Тулин Еркал Кара

Министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари проштална средба со турската амбасадорка, Тулин Еркал Кара.

Димитров изрази благодарност за заложбите на амбасадорката во унапредувањето на билатералните односи и пријателството меѓу двете земји, посакувајќи и успех во следните професионални ангажмани и предизвици. Посебно нагласено беше задоволството што набргу Северна Македонија од природен, ќе стане и официјален сојузник на Република Турција во НАТО, со што двете држави ќе соработуваат заедно во засилувањето на безбедноста на нашиот регион, но и на цела Европа.

Амбасадорката Кара, реафирмирајќи ја силната поддршка којашто Турција и ја дава на Северна Македонија, изрази охрабрувачки пораки за претстојното финализирање на процесот на зачленување на Северна Македонија во НАТО, како и за понатамошен напредок кон ЕУ. Изрази и благодарност за одличната соработка и поддршката која и беше искажана од страна на македонските институции за време на нејзиниот мандат.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи кои бележат посебен подем во економијата, инвестициите, туризмот, културата, образованието, здравството и одбраната, како и за можностите за унапредување на соработката и во сите други области од заемен интерес. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата