Едно шпекулираат медиумите во Италија, дека Елмас ќе бил сигурен стартер кај новиот стратег на Наполи Џенаро Гатузо, а сосема друго турските медиуми. Посебно „Фанатик“ кој пред еден час излезе со шокатно тврдење дека Елиф Елмас не бил по вкусот на Гатузо и дека тој имал намера во јануари да го прати на позајмица. Посебно ако успее да го доведе на „Сам Паоло“ Уругваецот Тореира. Е сега како ќе биде, што ќе се случува со Дијамантот, каква ќе биде неговата судбина во Наполи сега со Гатузо останува да се види.

Инаку кај Карло Анчелоти, Елмас и тоа како ја доби својата шанса, и секако ја искористи.