Рома обезбеди пласман во 1/16 финалето од Лига Европа, но клубот нема да има многу простор за славење, со оглед на тоа дека го чека казна од УЕФА.

Навивачите на Олимпико на мечот против Волфсберг во текот на целиот дуел упатуваа расистички навреди кон противничкиот играч Андерсон Нијангбо, а нападите не престанаа и покрај предупредувањето на официјалниот спикер дека клубот може да заработи ригорозна казна.

Рома најверојатно ќе заработи парична казна, но мора да се почека конечната одлука на УЕФА.