Прегазен пешак во Гостивар

13.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прегазен пешак во Гостивар

Возач од селото Врапчиште удри во 77-годишен пешак на булеварот „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар.

Во незгодата, како што информираат од МВР, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата