Голманот Такер Тајнан од хокеарскиот тим на Нијагара Ајс Догс сериозно настрада за време на меч од хокеарската лига на Онтарио против Лондон Најтс. 17-годишниот голман доби расекотина на десната нога при еден дуел со противнички играч на почетокот на втората третина.

Играчот остана на лежи на мразот, а лекарите 10 минути не можеа да му го запрат крварењето. Мразот од бел стана црвен, а откако конечно некако ја санираа раната со итна помош го однесоа хокеарот во болница.

Судијата го прекина натпреварот.